ЗНМ и ССНМ: Здравство да ја повлече одлуката за снимање во „8 Септември” само со дозвола од директорот

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) преку соопштение реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Од ЗНМ и ССНМ посочуваат дека според повеќе пријави од колеги кои пристигнале до нивните канцеларии, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите од страна на обезбедувањето на болницата не им бил дозволен пристап и биле бркани дури и на паркингот на болницата.

– Укажуваме до Министерството за здравство и менаџерите на ГОБ „8 Септември“ дека не смеат да го ограничат пристапот на новинарите да известуваат за теми поврзани со работата на болницата и пандемијата. Свесни за сензитивноста на темите за кои има особен јавен интерес, потребно е да се обезбедат услови каде новинарите ќе имаат можност непречено да известуваат. Потсетуваме дека слободата на изразување е уставно загарантирано право во Република Северна Македонија кое не може никој поединец да го ограничи бидејќи со тоа ќе има прекршување на членот 16 од Уставот. Особено што станува збор за теми од исклучителен јавен интерес. Новинарите и уредничките тимови особено во вакви услови на криза потребно е да известуваат во согласност со етичките принципи на новинарската професија со штитење на приватноста на граѓаните кои можат да бидат дел од сниманиот материјал, истакнуваат од ЗНМ и ССНМ.

Тие потсетуваат дека според Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, исто така новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

– Доколку граѓаните имаат забелешки за работата на новинарите и медиумите потсетуваме дека имаат можност да достават претставки до Советот на честа или Советот за етика на медиумите во Македонија. Истовремено бараме од Министерството да ја повлече одлуката за снимање пред тријажниот центар и околу болницата „8 Септември” само со дозвола од директорот на болницата или Министерството, бидејќи со тоа директно се оневозможува работата на новинарите и фоторепортерите кои известуваат за состојбата со ковид – кризата и состојбата во болниците, стои во соопштението од ЗНМ и ССНМ.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он