МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

Од:

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле на линкот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип, според информации од системот „Мој термин“.

Вакцинацијата се очекува да почне од 16 до 25 октомври. Првите 30.000 дози вакцини се од GCFLU Multi inj., производ на компанијата GC Biopharma Corporation, Кореја – информираа од Министерството за здравство.

Станува збор за тривалентната вакцина GC Biopharma – Influenza Vaccines за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува строгите критериуми за квалитет, односно задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОМЦЛ-мрежата (Official Medicines Control Laboratories) – наведуваат од Министерството.

Првата пратка вакцини, како што посочуваат, се обезбедени преку заем во рамките на веќе утврдена меѓународна соработка од соседните држави, во конкретниот случај со УНИЦЕФ/Албанија.

Дваесет и шест илјади дози вакцини против грип се од компанијата „Санофи“ и тие ќе стигнат до 15 ноември. Разговорите за останатите 24.000 дози вакцини се во тек. Приоритетните групи за вакцинација ќе ги утврди Комисијата за имунизација, потенцираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне во втората половина од месецов

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

Уште нема вакцини против сезонски грип, се очекува набавка месецов

Катерина Ѓуровски