Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне во втората половина од месецов

Од:

Направивме вонредни напори во соработка со одредени земји и директна комуникација со еден од европските производители и овој месец и во ноември ќе имаме обезбедено 56.000 вакцини за сезонски грип од планираните 80.000 вакцини. Од 56.000 вакцини за сезонски грип, 30.000 треба да пристигнат наредните 10 дена, а 26.000 околу 15 ноември. Количините што ќе ни бидат потребни за октомври и за ноември ќе ги имаме тука достапни, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

​Вообичаено, потенцира, вакцинацијата последните три сезони сме ја почнувале во периодот од 16 до 25 октомври и со тие 56.000 вакцини ќе може да ја почнеме вакцинацијата во оваа рамка, најдоцна до крајот на октомври. Тој рече дека следните денови ќе работат и на надминување на проблемот со пријавувањето за вакцинација.

– Во однос на сезонскиот грип, исто така вчера објавивме дека во основа, поради доцнење на објавата на СЗО за соевите со кои ќе се вакцинира за сезонски оваа година, се доцнеше со постапките во целиот свет. Сите три соја во сезонскиот грип се нови соеви, што значи дека производителите во Европа и на другите места започнаа со задоцнето производство. Во Македонија ние повиците вообичаено ги објавуваме во периодот јуни-август, по објавување на соевите, со тоа што на овогодишниот повик не се јави ниту еден производител или дистрибутер. Значи оваа година повикот беше неуспешен и таква ситуација има во повеќе земји во регионот, рече Клековски. ​

Во врска со извештајот на Државниот завод за ревизија дека во основа сè уште нема одржување на „Мој Термин“, појасни Клековски, во соработка со одржувачот, модулот за пријавување за вакцинација ќе биде активиран во наредните денови и тоа ќе овозможи да почне пријавувањето и истовремено течат подготовките за околу 25 октомври да започнеме со вакцинација за сезонски грип.

Тој истакна дека во меѓувреме работат да се обезбедат останатите количини на вакцини до планираните 80.000, бесплатни вакцини за ризичните групи и се надева дека ќе ги обезбедат во временската рамка ноември-почеток на декември, кога сè уште е оптимално за вакцинација.

– Сè што ќе се вакцинира пред главната сезона во јануари и февруари на грип е во ред. ​Во моментот, според податоците што ги имам немаме заболени со грип. Имаме респираторни вируси кои се во моментот активни, меѓутоа нема грип. Доколку пред да почнеме со вакцинација се појави ризик од грип, ние сме подготвени со план Б, кај високоризичните групи да се применува превентивна терапија и третман за грип. Меѓутоа, очекувам дека ќе биде навреме сè тоа направено, додаде Клековски.

Би можело да ве интересира

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Уште нема вакцини против сезонски грип, се очекува набавка месецов

Катерина Ѓуровски

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Клековски: Современа модулаторна терапија е достапна за 126 пациенти со цистична фиброза, вклучително и деца над две години

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Завршени се надзорите за родилката која остана неподвижна и медицинската сестра која го загуби плодот