Зијадин Села: ДПА може да разговара со СДСМ, ама и без неа ќе победи во Струга

Од:

„ДПА и без СДСМ ќе победи во Струга“, рече за А1 пратеникот и кандидат на ДПА за градоначалник на Струга, Зијадин Села.

„Ако СДСМ искаже подготвеност да го почитува принципот кој претходно беше договорен вклучувајки ја во него и Струга, ДПА е подготвена повторно да седне и да разговара со СДСМ“ рече Села за А1.

„Не само на СДСМ туку и на другите партии им порачуваме, дека кога има договор со ДПА мора да се придружуваат кон тој договор. ДПА нема да дозволи она што за Струга се случи во 2009. година кога Али Ахмети имаше договор со Груевски за меѓусебна подршка за Скопје, Центар, Карпош, Куманово,Тетово, Гостивар, а само за Струга немаше. За ДПА секој град каде што живеат Албанци е од голем интерес и сакал некој или не, во Струга живеат 60 % Албанци и тоа ќе се почитува“ рече Села за А1.

„Во врска со техничката соработка со СДСМ ние бевме јасни уште од самиот почеток, дека се работи за принцип, кој беше излезен и од устата на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, дека онаму каде мнозинство се албанците СДСМ да го гласа кандидатот на ДПА и обратно каде мнозинство се Македонците , ДПА да го подржи кандидатот на СДСМ. Имаше обиди од страна на СДСМ да се договори дополнително она што веќе беше договорено.Тие мислат дека се работи за ДПА со кого имаа соработка до 1998. година или со ДУИ со која владееја до 2006. година“ додаде Села.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија