Граѓанската иницијатива за заштита на ликот и делото на борците за Македонија, како што се нарекуваат, со жив штит, застанаа за го идбранат спомениците од „Скопје 2014“ од Љубомир Фрчковски.
Велат дека не дозволуваат да си поигрува со историјата, и дека да ги урне мостот на уметноста а со тоа и паметниците на браќата Миладиновци, на Лазар Личеноски, на Никола Мартиновски, на Григор Прличев, на Крсте Петков Мисирков, на Кочо Рацин, споменикот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Блаже Конески, на еден Тоше Проески.Тоа е, велат, пакост и немање на чуство за национален идентитет.
„Тој нема трошка почит. Ваквите закани и повици за рушење на историски паметници и споменици нема никаде во светот“, велат од иницијативата.
Од Граѓанската иницијатива му порачаа да дојде тој со неговиот француски клуч.
Ако Фрчковски дојде со францускиот клуч тие, ќе биле со македонскиот народ. На Фрчковски му порачаа доколку му смета историјата на оваа држава може слободно да си замине и да ги остави останатите два милиони граѓани да си ја слават својата историја.
ФОТО Курир.мк