Женски јастреб спасена од посериозна повреда во селото Тработивиште

Од:

Женска птица од видот јастреб e спасена од посериозна повреда во близина на селото Тработивиште. Птицата ја нашле мештани кои ја згрижиле, а потоа побарале помош. Прв за случајот бил информиран планинарот Љупчо Чучуковски, кој вели дека најверојатно се работи за женска птица од родот јастреб, која често може да се сретне во близина на околните планини над село Тработивиште.

– Се работи за женски јастреб на возраст од околу три години, висока околу 50 сантиметри, тешка повеќе од еден килограм и со распон на крилјата поголем од 120 сантиметри. При мојата посета на местото каде е згрижена, констатирав дека едното крило на птицата и е скршено и дека треба да се лекува, за да може да преживее, на што луѓето се согласија. Луѓето кои ја пронашле птицата имаат желба да се грижат за истата, за што посебно сум среќен, вели Чучуковски.

По ова, Чучуковски стапил во контакт со ветеринар, кој во текот на следната недела ќе интервенира со цел целосно да биде санирана повредата на птицата.

– Бидејќи птицата веќе е во стабилна состојба, се договоривме со докторот, наредната недела да преземе хируршки зафат, по што се надевам дека птицата ќе биде во ред, но сепак ќе нема да може да лета, бидејќи крилото претрпело посериозна повреда. По мое мислење, истата најверојатно е гаѓана со пушка, а потоа бидејќи била падната во тревата и прегазена со автомобил, додава Чучуковски.

Јастребот е ретка птица во регионот, а главно место на гнездење им е над браната Лошана, која се наоѓа на пет километри над селото Тработивиште во општина Делчево. Во сличен ваков случај, пред една недела беше спасен белоглав мршојадец во Малешевијата.

Би можело да ве интересира

Во близина на Кикинда пронајдени 800 мртви птици, некои заштитени со закон

Горан Наумовски

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он