„Жан Митрев“: Министерството за здравство и ИЈЗ ја искривуваат реалната слика за починатите пациенти од Ковид-19

Од:

Болницата „Жан Митрев“ реагира на начинот на кој Министерството за здравство ги презентира бројките на оздравени и починати пациенти од Ковид-19. Преку допис испратен до Министерството за здравство, министерот Венко Филипче и Институтот за јавно здравје односно директорот Шабан Мемети, болницата бара извинување за вчерашните објавени бројки во однос на смртните случаи настанати како последица на Ковид-19 во болницата „Жан Митрев“.

Ова се случи откако во вчерашното соопштение на Министерството во однос на бројката на оздравени и починати лица, беше соопштено дека вкупно починале 20 лица, со забелешка дека за 24 часа починале шест, а останатите 14 луѓе „се од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 4 до 30 јануари годинава“.

Според приватната болница, „ваквиот начин на известување остава негативен впечаток кај сите читатели и ја искривува реалната слика, наведувајќи ги читателите на заклучок дека само во нашата институција умираат огромен број луѓе“.

„Во случајов, искористена е нашата транспарентност, деталното и ревносно известување за комплетно погрешни цели. За жал реалноста е комплетно различна. Бројките од анализата на смртни случаи покажува нешто сосема друго. Согласно податоците кои се јавно достапни во Институтот за јавно здравје резултатите се следни: Од вкупниот број на сите починати во јануари кој изнесува 328, поточно во наведениот период од 4 до 31 јануари изнесува 286, во Жан Митрев се 14. Пресметано во проценти тоа изнесува 4,9%. Ако земеме предвид дека од почетокот на пандемијата бројката на вкупно починати е 2893, процентот на вкупно починати во нашата институција е 5%. Клиниката Жан Митрев како институција од самиот почеток на пандемијата секојдневно се бори за животите на најтешките пациентите, па дури и оние од кои сите останати се откажале. Уште од самиот почеток на пандемијата ги ставивме на располагање нашите капацитети за интензивно лекување, а нашите методи на третирање на најтешките облици на болеста се публикувани, цитирани и признати во светски рамки. Потрагата по сензационални вести и бројки т.е сензационалистичкиот начин на соопштување бројки надвор од контекст не е прв пат, но се надеваме дека е последен. Очекуваме комуникацијата и соработката како со Министерството за здравство, така и со Институтот за јавно здравје да продолжи со несмален интензитет“, велат од „Жан Митрев“.

Оттаму замолуваат транспарентно да се споредат бројките на сите институции и истите да се испратат до медиумите со извинување за настанатата ситуација.

Би можело да ве интересира

Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош

Предраг Петровиќ

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба

А1он

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени