Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Од:

Доц. д-р Жан Митрев ќе зборува за аортната стеноза, симптомите и современите можности за лекување на бесплатниот вебинар во живо што Клиничката болница „Жан Митрев“ го организира во понеделник, на 14 септември 2026 година, со почеток во 11:00 часот.

Заедно со тим од специјалисти од областа на кардиологијата и кардиохирургијата, д-р Митрев ќе објасни како настанува стеснувањето на аортната валвула, кои лица имаат зголемен ризик и зошто навременото поставување на дијагнозата е важно за зачувување на функцијата на срцето.

Аортната стеноза може долго време да се развива без изразени симптоми, бидејќи срцето постепено се приспособува на намалениот проток на крв. Токму затоа, отежнатото дишење, нелагодноста или болката во градите, краткотрајното губење на свеста и необјаснетиот замор не треба секогаш да се припишуваат на возраста или на физичката неактивност. Овие тегоби може да бидат предупредувачки знаци дека стеснувањето на валвулата веќе го оптоварува срцето.

Покрај доц. д-р Жан Митрев, FETCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, на вебинарот ќе учествуваат и д-р Никола Христов, FEBTCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, д-р Вилма Ампова Соколов и д-р Енвер Идоски, специјалисти по интерна медицина и супспецијалисти по кардиологија, како и д-р Горазд Коњановски, специјализант по кардиохирургија.

Во интерактивниот дел, учесниците ќе можат да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од медицинскиот тим.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен. Пријавувањето е достапно на: https://webinar.zmc.mk/register-webinar

Би можело да ве интересира

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради Виз Ер Скопскиот маратон

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер