А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружение „Напредни лозари“: Политиката да се тргне од лозарството

by А1он12/09/2019 - 20:19506
Share0

Од Здружението на лозари од тиквешкиот регион „Напредни лозари” вечерва апелираа политиката да се тргне од лозарството. Истакнуваат дека се оградуваат од сите обиди на борбата за лозарството да и се даде политичка димензија и истакнуваат дека Владата одлучи да субвенционира два денара по килограм лозје.

Добивај вести на вибер

– Нашето Здружение деновиве, по бројни активности, успеа да се договори со Владата да биде исплатен ланскиот интервентен денар по килограм грозје и годинава да се одвојат по два денара за килограм државна субвенција, изјави претседателот на „Напредни лозари“ Трајче Кулев, по блокадата на патот Градско-Прилеп кај Росоман организирана од новоформираното Здружение на лозароовоштари.

Тој потсети дека во изминатиот период Здружението имаше неколку средби со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалници и пратеници од тиквешкиот регион на кои се бараше решение гроздоберската сезона да помине што е можно подобро за пласман, цена и услови на плаќање.

– Ако Владата не интервенираше со субвенции немаше да има ниту Л од лозарството, нашите барања се насочени главно кон винарските визби од кои се бара повисока откупна цена, велат од Здружението „Напредни лозари“.

Дополнуваат дека како Здружение нема да дозволат политика да навлезе во, како што наведуваат, целиот процес на договарања за подобри денови на лозарите како што од другата страна тоа го правеле некои во целата оваа работа.

lozarilozarstvo

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пцовки, турканици и истурено грозје на протестот на лозарите пред винаријата Тиквеш

Катерина Ѓуровски11/09/2021 - 21:2411/09/2021 - 23:12

Заев најави државна поддршка за лозарите, ги повика винариите да останат на договорените цени

Жарко Настоски08/09/2020 - 16:11

Лозароовоштари го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман

Татјана Ташкова12/09/2019 - 17:50

Димковски: МЗШВ не може директно да влијае на преговорите меѓу лозарите и винариите

Татјана Ташкова22/08/2019 - 15:23

Лозарите најавија протести, бараат повисока откупна цена на грозјето

Татјана Ташкова21/08/2019 - 15:00

(ВИДЕО) Мицкоски: Лозарите се соочуват со сериозни проблеми, а од владата само нови ветување и одложувања на проблемите

Наум Локоски31/01/2019 - 17:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен