Трипуновски: Лозарите не треба да бидат загрижени, секое зрно грозје ќе биде откупено

Од:

Лозарите не треба да бидат загрижени, секое зрно грозје ќе биде откупено. Интензивно го следиме откупот на грозје. Од утре влегува во откуп уште една винарска визба во Кавадарци. Останатите винарски визби продолжуваат тековно да го собираат „вранецот“, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој беше во работна посета на откупен пункт за грозје во Кавадарци.

Како што информираше во изјава за медиумите, заклучно со вчера, биле откупени над 78 милиони килограми винско грозје. Од тоа, 35 милиони црно, околу 40 бело, плус тоа што било извезено надвор од државата. Министерот истакна дека имало зголемување на произведените количини грозје оваа година, што било и заложба, да се зголеми приносот. Тој подвлече дека тоа радува, а било резултат на тоа што наводнувањето на земјоделските површини било навремено.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

Во Собранието расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство