(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Од:

Во конкретниот објект, каде што е уапсено лицето осомничено за примање поткуп, живеат повеќе поранешни и актуелни функционери. Лицето е приведено токму во тој објект затоа што таму било затекнато при примање на парите – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска. Прашањето се однесуваше на апсењето на директорот на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ), како и на тоа дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра се штити министерот за земјоделство.

– Прашањето што го поставивте, од аспект на тоа кој каде живее и кој каде престојувал, односно дали престојувал некој министер, сегашен или поранешен, го разгледувам врз основа на информациите што ги добив непосредно пред да ми го поставите. Во рамки на овој објект живеат неколку поранешни и актуелни министри; нема да специфицирам јавно, за да не нарушам ничија приватност, за разлика од начинот на кој беше поставено вашето прашање. Ќе останам воздржан и ќе кажам дека, според информациите што ги добив пред околу 30 секунди, во предметниот објект живеат повеќе сегашни и поранешни функционери. Што се однесува до тоа зошто лицето е уапсено на таа локација – затоа што таму ги примило средствата. Кој сѐ уште живее во објектот, искрено, не знам; можеби вие подобро сте информирани – изјави Тошковски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Министерот додаде дека пратеничката Петровска, според него, изнесува манипулации и дека ваквите обиди се, како што рече, „ниски и насочени кон дефокусирање на јавноста“.

По ова, пратеничката Петровска возврати дека не станува збор за инвентивност, туку за факти, и повторно ги покажа фотографиите од гаражата под „Џевахир“, на кои, како што наведе, се гледа митото од 50.000 евра, над која живее министерот Цветан Трипуновски, сопартиец на уапсениот директор.

„Ова не се уметнички фотографии, туку снимки од местото на ‘кривично-правниот настан’, како што милувате да кажете. Ако шеговито тврдите дека во зградата живеат многу поранешни, сегашни, па и идни функционери, тогаш ако се работеше за некој од претходната власт, ќе бевме сите вмешани во случајот. Но, бидејќи станува збор за ваш човек, кој има посилна врска од ‘како брат’, односно е партиски колега, не смеете да го допрете. Затоа, министре, ја прекинавте операцијата и го уапсивте само директорот, а не и крајниот корисник на средствата“, обвини пратеничката Славјанка Петровска.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

Во станица се повикани 14 лица, меѓу кои и родителите на шестоодделенките кои малтретираа соученичка во Ѓорче

Тошковски најави нова мерка: Итна заштита за жртвите на семејно насилство

Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски