ВИДЕО: Пцовки, турканици и истурено грозје на протестот на лозарите пред винаријата Тиквеш

Од:

Незадоволни од промената на условите за откуп на грозјето кои „Тиквеш“ почнала да ги применува денеска лозарите се собраа пред винаријата. Дел од нив се обидуваа да пробијат внатре во објектот кој пред кој имаше полиција. Жестоки пцовки, турканици и фрлање грозје кон винаријата се гледаат и слушаат на видеата на социјалните мрежи.

Претходно лозарите во текот на попладнето истурија неколку трактори грозје пред винаријата.

Откупот на грозјето туку што почна и веднаш се појавија проблеми со откупната цена и шеќерните единици на грозјето.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

Орце Костов

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени