Заев најави државна поддршка за лозарите, ги повика винариите да останат на договорените цени

Од:

Винариите да останат на договорените откупни цени од 11 денари за „вранец“ и 9 денари за „смедеревка“, а државата ќе интервенира со ветените четири денари поддршка за овие две сорти и дополнително со два денари за високосортното грозје, изјави премиерот Зоран Заев по денешниот два и полчасовен состанок со лозарите во Кавадарци.

– Дополнително остануваме на супституција на транспортот, односно околу 20 проценти на транспортните трошоци на наливното вино, 30 проценти на супституција на транспортните трошоци на флашираното вино. Ја отворивме и новата можност кон сите откупувачи да можат да окупат винско грозје и да го извезат како винско грозје. Тоа е стимулативна мерка која денеска е понудена. Ако откупат 12 милиони килограми, ќе добијат два денари субвенција, ако се откупат и извезат меѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат три денари, а доколку откупат повеќе од 25 милиони килограми, директно ќе добијат четири денари, изјави Заев.

Најави дека лично ќе разговара со менаџментот на „Тиквеш“ која, како што рече, треба да го понесе најголемиот товар како најголема меѓу винарските визби.

– Низ разговор и со сите детали да ги изнајдеме решенијата затоа што на крајот сите треба да понесеме на свои плеќи и да ја пребродиме оваа криза. Верувам дека најголемата македонска визба ред е да понесе најголем дел од товарот, рече Заев. сд/бак/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов