Заврши реконструкцијата на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

Градежните активности за реко­нструкција на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се завршени и од следната недела ќе почне префрлањето на студентите од блоковите В и Г, каде ќе отпочне реконструкцијата.

Заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски при денешната посета на домот заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, посочи дека овој зафат чини околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на врат­ите, прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, молерис­ување на ѕидовите и се поставија нови лиф­тови и комплетно нова опрема во сите соб­и, додека во унапредување на смест­увачките капацитети на домот досега се инвестирани некаде околу 6 милиони евра.

– За двата блока кои до­сега се обновени, ин­вестирани се 3 милио­ни евра. Секој од блоковите во просек имаат меѓу 320 и 335 легла, што само по себе е како една висококатница. Втората крупна инвес­тиција која се реализира е набавката на мебел­от за сите државни студентски домови. Во следните 45 дена се очекува на ниво на цела држава да се заврши со замена на мебелот, а на барање на самите студенти набавени се перални и сушални исклучиво за нивни потреби, изјави Ристовски.

Посочи дека станува збор за инвестиција вредна 200 илјади евра, со што ќе се набават 50 професионални ма­шини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 кил­ограми.

– Тие ги ветивме минатата година во рамки на 40 проекти за млади. Од четири блока, блоковите А и Б веќе е се комплетно завршени и следуваат блоковите В и Г. Идејата беше да не се затвори студентскиот дом две години за да се реновира, туку студентите да има каде да престојуваат, а дел по дел да се заврши. Се што ветивме се реализираше, изјави Груевски.

Ристовски, посочи дека реконструкцијата на домот продолжува понтаму за што веќе е избрана компанија која ќе ги обнови блоковите В и Г, со тоа што откако ќе се завршат сите блокови ќе биде извршено и целосно партерно уредување на студентскиот дом.

Директорката на студентскиот дом „Гоце Делчев“ Даниела Темелкова рече дека со реконструкцијата се подигнува студентскиот стандард и студентите ќе имаат поголемо задоволство од својот престој во овој студентски дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

Орце Костов

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

Орце Костов

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Орце Костов

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

А1он

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Целосно реновиран студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Ана Ололовска