Започна со работа канцеларијата за односи со јавноста при Јавното обвинителство

Од:

Во Јавното обвинителство на Република Македонија од денеска почна да функционира новоформираната канцеларија за односи со јавноста.

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на прес-конференција изјави дека се надева оти со формирањето на ова оддление ќе се подобри информирањето на ЈО кон јавноста, што е и законска обврска, а ќе се зголеми и транспарентноста на Обвинителството, пред се за отворањето на постапката и побрза размена на информации кон јавноста.

– Јавното обвинителство на РМ со задолжително упатство до сите јавни обвинителства има воспоставено обврска за сите настани за кои може да се јави интерес да го информираат Јавното обвинителство на РМ, во кое еден јавен обвинител е задолжен да ги прибира тие информации и заедно со државниот советник за односи со јавност да и ги дистрибуира на медиумите за јавноста да биде благовремено и прецизно информирана, појасни Зврлевски.

Одговорното лице за односи со јавноста, Елизабета Најденовска информираше за идните чекори во градење заемна комуникација со медиумите, програма за презентација на информациите во јавноста и мерките кои Јавното обвинителство ќе ги преземе во сферата на транспарентното информирање. Таа, меѓу другото, најави редовно ажурирање на веб-страницата на Јавното обвинителство, која ќе биде интерактивна, и информира за Нацрт-стратегија за односи со јавноста која е подготвена со финансиска поддршка на ОБСЕ и на Јавното обвинителство на Хрватска, а за која очекуваат забелешки кои подоцна би се внеле во документот.

– Ова е среднорочен стратешки документ, кој ќе ја трасира понатамошната комуникација и работата токму на Одделот за односи со јавноста, рече Најденовска.

Би можело да ве интересира

Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

A1on

Светлана Жупаноска го помина комисискиот филтер за нов член на Советот јавните обвинители

Маричиќ: Добро е што се избрани нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

Жарко Настоски

Колевски: Никој не ми изврши влијание за изборот на јавни обвинители

Ана Ололовска

АСЈО: При селекцијата на кандидати за седмата генерација испочитувани се законските одредби

Ана Ололовска

Избрани членови на Советот на јавните обвинители

А1он