Запленета марихуана и пиштол

Од:

Во село Моране, кај лицето М.Г.(29), при претрес, полициски службеници пронашле еден килограм марихуана и еден пиштол.

– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога во рамките на засилените мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, врз основа на претходна издадена судска наредба, вчера изврши претрес кај М.Г. (29) во викенд куќа во село Моране, скопско. При извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол. Лицето претходно е лишено од слобода. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство