Запленета дрога кај четири лица во Тетово и Гостивар

Од:

Во текот на вчерашниот ден,  врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други помошни простории на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, сопственост на Н.И.(36) од Гостивар.

„При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица. Исто така, во полициска станица било приведено и лицето Г.Н., кое било затекнато во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во одделен случај, полициски службеници лишиле од слобода уште две лица од Гостивар. При личен  преглед, кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од МВР.

Судот издал наредба и за претрес кај 49-годишен жител на Тетово.

„При претресот биле пронајдени  и одземени кокаин, дигитална вага и семки од марихуана. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме