Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот, велат од кабинетот на Џафери

Од:

Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека “Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот и оти при образложувањето како се носи овој Закон претседателот на Собранието Талат Џафери направил грешка”.

Од кабинетот на Џафери се повикуваат на “член 11, став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители”.

“Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи за овој закон според Уставот и Деловникот на Собранието не е предвидено посебно гласање, односно гласање по Бадентер”, велат во изјава за МИА од кабинетот на претседателот на Собранието.

Се очекува Џафери утре, по распиштување на изборите најавени на 12 април, на прес – конференција да објасни дека погрешно најавил оти Законот за Советот на јавни обвинители се гласа со Бадентер.

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

A1on

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

A1on

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка