Заев за Усеини: Toj ќе одговара, дури и да го изгубиме мнозинството во советот на Општина Охрид

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, а е дециден дека нема да биде заштитен. Тој вели дека нема да суди, но нема да има резерви за никого. Премиерот е дециден дека Усеини ќе одговара, па дури и по цена СДСМ да ја изгуби коалицијата со ДУИ на локално ниво.

Ако општината не може да го спороведе решението, владата ќе ги преземе тие интеренции. „Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вина, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира. Се работи за почитување на законот. Тие што се претавници на полтиичките партии, тогаш треба да бидат пример за другите“, рече премиерот Зоран Заев.

„А1он“ вчера објави дека советникот Нефи Усеини го натепал професорот Илјаз Илјази, кој рече дека добил и смртни закани. Усеини ја користел позицијата на моќ, претставувајќи се како советник.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата што ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни, пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Би можело да ве интересира

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Русија удри во „срцето“ на украинската металургија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски