Заев: Се надевам на решение за покачување на платите во образованието

Од:

Премиерот Зоран Заев, најави дека утре, заедно со Министерот за образование ќе се сретнат со претставниците на СОНК и ќе се обидат да најдат заедничко прифатливо решение, за покачувањето на платите во образованието.

dobivaj vesti na viber

Заев, упати апел до професорите и наставниците да не грижат дека има пари во буџетот за повисоки плати.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, платите во образованието ги покачи два пати или вкупно за 10%. Ние за две години ги покачивме за над 10% и ќе си стоиме на зборот и ќе ги покачиме уште 10% како што најавивме од април. СОНК, бараат тоа да биде од јануари, утре имаме средба ќе побараме да има трпение затоа што има проектиран буџет за таа намена, за среќа буџетот не го трошиме на глупости. Ќе ги покачиме платите без денар задолжување. Нашата проекција е со ова покачување наставниците да достигнат плати повисоки од просечната“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Квалитетно високо образование создава генерации кои ќе умеат да се носат со предизвиците

Горан Наумовски

Започна полагањето на државната матура во учебната 2021-2022 година

Ана Ололовска

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Павлова-Николовска

ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците