Заев: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари

Од:

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат.А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред – кон развојот, кон напредокот порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во овие четири години потавивме високи економски стандарди.Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Заев рече дека за за да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.

„А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата.Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата.Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“ – порача Заев.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Момче од Кочани претепал малолетничка и ѝ нанел повреди