Заев од Берово: Градоначалникот, општината, ако треба и цела држава ќе помагаат на секој граѓанин, со каков било предизвик и да се соочи

Од:

Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне. Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради. Што ќе кажат граѓаните тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Берово.

– Ќе изградиме отворени општини, граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Не може во селата асфалт да нема. Ќе има рамномерен регионален развој во Македонија. Локален економски развој значи локални производствени капацитети. Целта мора да биде луѓето да имаат повеќе пари во местото каде живеат. Ако луѓето имаат пари, ќе останат да ни живеат во Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите