Заев му ја честиташе на Милановиќ победата на претседателските избори во Хрватска

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва му ја честита победата на кандидатот на СДП Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска.

-Мојот другар Зоран Милановиќ вечерва победи на претседателските избори во пријателска Хрватска, согласно волјата на хрватските граѓани. Од срце му упатувам честитки на Зоран и на сестринската @SDPHrvatske, напиша Заев на неговиот Твитер налог.

Во твитот Заев истакна дека социјалдемократијата е разумна опција за регионот и Европа.

-Јасно е дека социјалдемократијата е опција на разумот, напредокот и иднината, кај нас, во регионот и во Европа. Очекуваме силна поддршка од претседателот Милановиќ за европските интеграции на Северна Македонија и за скорешен почеток на преговорите со ЕУ, истакна Заев во својот твит.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ му штети на угледот на земјата

А1он

Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

А1он

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

А1он

Полицијата го пронајде и уапси убиецот од Дрниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски