Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

Од:

Иван Баричевиќ – другарот на 19-годишниот доставувач на пица Лука Миловац во хрватскиот град Дрниш за ХРТ ја опиша кобната вечер кога Кристијан Алексиќ го уби младиот човек додека доставуваше храна.

Баричевиќ рече дека Лука се плашел да оди сам на адресата на Алексиќ, па му понудил да оди со него.

„Јас, како негов долгогодишен пријател, му понудив да одам со него, реков дека ќе одам со него, дека сè ќе биде во ред, дека сум таму со него. Се качивме по скалите, дојдовме на терасата, Кристијан ја отвора вратата и вели „влези, влези“, па Лука оди да му ја предаде доставата и Алексиќ пука во тој момент“, рече Баричевиќ.

Тој ги опиша и моментите по пукањето.

„Кога го видов Лука како паѓа на подот, во тој момент почнав да трчам, скокнав по скалите, влегов во автомобилот, автомобилот се изгаси, ја отворив вратата и го видов Алексиќ како трча кон мене. И јас потоа почнав да трчам и отидов во пицеријата и пријавив што се случи, дека треба веднаш да викнат полиција“, рече Баричевиќ.

Силни полициски сили во пошироката област на Дрниш интензивно трагаа од саботата вечерта по 50-годишниот Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на пица Лука Миловац.

Злосторството се случи во саботата околу 23 часот на терасата од семејната куќа на Алексиќ, а градот оттогаш беше под полициска опсада. Поради претресот, сите влезови и излези од градот беа затворени, а граѓаните беа повикани да не ги напуштаат своите домови.

Алексиќ претходно и беше познат на полицијата и судството. Пред три години, полицијата му го конфискуваше рачно изработеното импровизирано огнено оружје и муниција. Во тој случај, иако беше поднесено обвинение во 2023 година, судењето не започна.

Станува збор за човек кој убил 22-годишна девојка со 17 убодни рани во мај 1994 година.

Би можело да ве интересира

Полицијата го пронајде и уапси убиецот од Дрниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски

Побаран краткотраен притвор за 19-годишникот за убиството кај Сарај, телото е дадено на обдукција

Уапсен 19 – годишник за убиство на 18 – годишно момче во шума кај Сарај

Убиство во Хрватска: 19-годишник му доставил храна, убиецот го застрелал и побегнал

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола