Пленковиќ: Милановиќ му штети на угледот на земјата

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвини претседателот на Хрватска – Зоран Милановиќ во Загреб дека му штети на имиџот на надворешната политика на земјата откако претходно беше објавено дека претседателот не дал одобрение за предложениот израелски амбасадор.

Пленковиќ, одговарајќи на прашањата на новинарите, рече дека ова е уште една во низата постапки на претседателот што ѝ штетат на Хрватска, наведувајќи како примери, како што рече, прорускиот и „анти-ЕУ и анти-НАТО“ став на Милановиќ.

„Сите овие се сериозни политички последици за имиџот на надворешната политика на Хрватска“, изјави премиерот пред новинарите по седницата на Претседателството и Националниот комитет на Хрватската демократска заедница.

„Треба да се разговара за тоа“, рече Пленковиќ, обвинувајќи го претседателот дека „се изземал“ од Иницијативата „Три мориња“, за која рече дека била успешна благодарение на владата, која „влезе во тој простор заради достоинството на Хрватска како земја што ја основа таа иницијатива“.

Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „тековната политика на израелската влада“, објави Пантовчак претходно во понеделник.

Амдур, кој беше одобрен во ноември како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска кон крајот на мај како вршител на должноста амбасадор, што не бара одобрение од претседателот, објави претходно во понеделник „Тајмс оф Израел“, нарекувајќи го Милановиќ „антиизраелски“ политичар.

Би можело да ве интересира

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

А1он

Милановиќ: Никој во соседството не е наш вистински непријател

А1он

Милановиќ: Жалам што го откажав состанокот Брдо – Бриони, Вучиќ ме стави во невозможна позиција

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае