Заев: Мора да го реформираме основното образование, децата учат непотребни работи

Од:

Премиерот Зоран Заев смета дека при подготовката на реформата во основното образование ќе бидат консултирани сите засегнати, почнувајќи од учителите и наставниците, универзитетски професори, како и академици односно МАНУ. Целта, е вели премиерот, со реформата да се максимализираат содржините што ќе биде од помош на учениците.

– Мислам дека пред се ќе ја консултираме фелата. Тоа се учителите и наставниците од шесто до деветто одделение, но и универзитетите, МАНУ, имаме многу експерти, институти, кои работат за да може да го согледаме најисправниот терк на реформата. Да упатам уште еднаш порака, сите сме или родители или дедовци, баби. Имаме деца во училиштата. Сите знаеме дека мора да го реформираме основното образование. Заради тоа што имаме непотребни работи кои ги учат нашите деца, а со тоа го скратуваат нивното внимание во другите активности, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан организиран на Пониква.

Би можело да ве интересира

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024

Објавени повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов