Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Од:

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за новите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

Според медиумот, поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.

Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни, означувајќи го како лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист

A1on

Панчо и Андреј од ДНК: Ќе му помогнеме на секој сограѓанин кој ќе добие казна за возачка

A1on