Заев и Борисов заедно ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев

Од:

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов денеска на македонскиот државен и национален празник – Денот на Републиката, заедно ќе положат цвеќе и ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас со што ќе се одбележи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји што двајцата државници го потпишаа вчера во Скопје.

Предвидено е пред присутните гости да се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Премиерот Заев за време на неговата посета во јуни во Софија, прва официјална по стапувањето на функцијата, заедно со неговиот бугарски колега Борисов се поклонија на споменикот на Цар Самоил.

Тогаш двајцата изразија подготвеност за соработка и градење на добрососедски односи како и поддршка за интеграција на Македонија во европското семејство и упатија заедничка порака „историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи“.

Со Договорот кој Заев и Борисов вчера го потпишаа, меѓу другото, се предвидува во рок од три месеци од неговото влегување во сила да се основа Заедничка меѓувладина комисија со која ќе ко-претседаваат министрите за надворешни работи на двете договорни страни. Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор,

Најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, треба да се формира и Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни. Воедно, двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

Република Македонија денеска ги одбележува двата датума на кои се удрени темелите на македонската државност – 114 годишнината од Илинденското востание и 73 годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ