Заев и Арифи во посета на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Од:

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Хазби Лика и актуелната и кандидатката за градоначалник на општина Тетово од ДУИ, Теута Арифи денеска беа во посета на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, каде зборуваа околу состојбите со образованието во Тетово и планираните инвестиции.

Арифи посочи дека со посетата во гимназијата се дава потврда оти многу брзо ќе биде затворено прашањето околу доградбата на централниот објект од тетовската гимназија.

– Ние како општина ја имаме изготвено и предадено планската документација, основниот проект и имаме издадено дозвола за градба за надградба и доградба на гимназијата, а средствата ќе се обезбедат преку капитални инвестиции од Владата. Со тоа ќе овозможиме сите деца да учат заедно затоа што логиката и филозофијата на нашето политичко дејствување е да овозможиме интегрирано образование, рече Арифи.

Премиерот Заев рече дека согласно капиталните инвестиции и планираниот буџет за 2018 година, во следната година треба да се отпочне и заврши процесот во гиманазијата „Кирил Пејчиновиќ“.

– Општина Тетово ја има завршено процедурата околу документацијата што значи дека во почетокот на јануари ние можеме да ја отпочнеме процедурата за тендерирање, по што на пролет да се започне со надградбата, бидејќи не станува збор за некој нов објект, туку негова надградба и доградба на постојниот што верувам дека ќе го завршиме до крајот на годината.

Тој додаде оти ја поосетиле и Мала Речица, каде што исто така веќе има одобрение за градба на ново основно училиште за децата од тоа населено место, кои, како рече, нема да треба одат далеку од нивното место на живеење. – И овој нов објект ќе биде финансиран од капиталните инвестиции за слендата година, рече Заев.

Се осврна и на состојбите во здравството и починувањето на неколку новороденчиња во изминатитов период.

– Тоа се должи на недостигот на инкубатори и пропорцијален кадар на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и се прашувам каде отидоа тие сто милиони евра, кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги најавуваше за здравството, бидејќи од потребните 50 инкубатори на Клиниката во моментов има само 20.

Тој рече дека ќе се набават 20 инкубатори, од кои 15 ќе бидат за Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а пет ќе бидат распределени низ болниците во Македонија, за што, како што рече, веќе се обезбедени 200.000 евра, со што ќе се задолжи Бирото за јавни набавки, согласно законските прописи што поскоро да се набават инкубаторите.

– Знам дека медицинскиот пероснал прави се што е во нивна моќ, меѓутоа овие состојби се рефлексии од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот министер за здравство Никола Тодоров кои се фалеа со милионски суми инвестиции, а гледаме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е оставена без неопходната опрема инкубатори согласно прописите, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Запалени две диви депонии во тетовско

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски