Заев: До крајот на 2020 општините ќе добијат над 95 милиони евра

Од:

До крајот на 2020 година општините ќе добијат над 95 милиони евра, согласно владината програма за рамномерен регионален развој, рече вечерва на митингот во Кавадарци лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој истакна дека тоа се пари за капитални инвестиции, согласно законите што постојат во Македонија.

– Централната власт има намера да се развластува, да ги пренесува надлежностите колку што е можно поблизу до граѓаните. Ќе ги вратиме месните урбани заедници, тие ќе бидат повторно правни субјекти со печати и право на одлучување. На собири на граѓани ќе ги носиме одлуките внимателно, ќе ги слушаме граѓаните кои ќе ги даваат приоритетите. И она што е најважно за нив, советниците и градоначалникот тоа ќе го преточуват во годишен буџет и ќе работат она што граѓаните го укажуваат, ќе бидат сервис и слуга на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, од политичарите зависи во кој правец ќе се движат и општините и државата. Заврши, додаде, времето на нечесни политичари и нечесни политики.

– Имаме работлив народ кој не се штеди, барем тиквешијата е пример за тоа. Само треба некој редно да ја управува државата и некој вредно да ја управува општината, луѓето наши се скромни, сакаат достоинствено да заработат и чесно, ама да имаат достоинствен и чесен живот. Видов и од аспект на премиер, има пари Македонија, 45 милиони евра ги заштедивме за 4,5 месеци само со чесно работење. Ако и општините чесно се постават, ве уверувам со чесна политика ќе биде минато зборувањето за калливи улици, за здрава вода за пиење, за села без канализација. Тоа време завршува и Македонија дочека да го направи големиот исчекор, рече тој.

Гарантирам, нагласи, дека чесното работење ќе биде императив на локалната и централната власт. Најави кривична одговорност за секој што ќе чепне по џебот на граѓаните од буџетот на општината или на државата.

– Македонија се свести дека има единствена алтернатива по која ќе се движиме, неа ја препозна мнозинството, ја препозна и меѓународната заедница. Убеден сум дека Кавадарци ќе застане на вистинската страна заради тоа што никој нема право да го кочи развојот на оваа многу важна општина. Кавадарци бил реперот и за време на поранешна Југославија и сега и во иднина тоа мора да биде така, зашто тука ни е центарот, тука ни е примерот на работливоста, нагласи Заев.

Вети комплетна поддршка за винскиот пат и за развој на туризмот, целосна поддршка за отворање нови бизниси и многу други проекти со цел младите да останат, комунални инфраструктурни проекти, затворен пазар, модерен град со развиени урбани и месни заедници. Затоа што, како што рече, нема поважно од иднината на граѓаните и во Кавадарци и во цела Македонија.

Според него, општините се многу важни, бидејќи имаат многу надлежности и затоа е важно во кој правец ќе се движат.

Тој посочи и оти ќе има поголеми земјоделски субвенции кои секоја година ќе се зголемуваат.

Кандидатот за градоначалник Бетиане Китев од своја страна најави победа во недела.

– Поддршка од народот се купува со чесно, домаќинско и искрено работење, рече Китев.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски