За нови споменици има, за аквадуктот нема пари!

Од:

Аквадуктот во Скопје, најголемата туристичка атракција кој е прогласен за споменик на културата, речиси е во распаѓање и заборавен од сите. Неговата околина обрасната

со трева во мометов е претворена во пасиште за животни.

Селаните од Визбегово каде се наоѓа аквадуктот се сведоци на неговото пропаѓање, но одбиваат да зборуваат јавно. Зад камерите велат дека кога времето е врнежливо околу

овој споменик на културата се собира вода, правејќи мочуриште во која тоне аквадуктот.

Археолозите инсистираат што побргу да се реставрира но и археолошки да се истражи за да се утврди од кој период датира бидејќи постојат различни мислења за времето на

неговата изградба. Според едни, изграден е во 6-ти век, а други историчари сметаат дека објектот бил изграден во отоманскиот период.

Споменикот со големо историско значење го нема ни на туристичката мапа на Скопје.

За аквадуктот не знаат ни скопјани. Ретки се тие што се сеќаваат дека некогаш постоел.

Аквадуктот бил изграден за снабдување на градот со вода за пиење. Објектот е изграден од камен и тули, долг е околу 400 метри, а имал 200 лака, од кои се зачувани 55.

Досега неколку дипломатски претставници понудиле финансиска помош за реставрација на овој објект, но години наназад овде нема интерес за такво нешто.

Јасмина Спасовска

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски