Втората пратка вакцини од Србија пристигнува денеска

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

Последните податоци покажуваат дека 1274 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39 003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Хаос во репрезентацијата: Ватерполистите се изјаснија – 11 од нив повеќе не сакаат да играат за Србија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Србија, почувствуван и во Унгарија и Хрватска

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Марта Кос: Ги прекинавме сите исплати од Планот за раст за Србија

И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

А1он