Српски војник загина во Либан

Од:

Припадникот на српските вооружени сили, вишиот водник Милован Јовановиќ, почина од повредите здобиени при ракетен напад врз база на Обединетите нации во Либан, каде што е распореден дел од српскиот контингент во мировната мисија, објави РТС.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Србија, Јовановиќ бил тешко ранет при ударот. Првично му била укажана медицинска помош во болницата во базата, по што со хеликоптер бил пренесен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут. И покрај напорите на лекарите, тој починал околу 4 часот наутро по локално време.

Во нападот биле повредени и уште двајца припадници на мировните сили на ОН – еден војник од Ел Салвадор и еден од Шпанија.

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, упатија телеграми со сочувство до семејството на починатиот војник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“