(ВИДЕО) Нова политичка ера во Србија: конституирање на Парламентот со мнозинство од Студентската листа

Од:

На конститутивната седница на Собранието на Србија, закажана за денеска во 10 часот, треба да се потврдат мандатите на пратениците, а потоа да се изберат претседателот и потпретседателот на Собранието, генералниот секретар и членовите на парламентарните одбори и делегации.

Студентите, на кои не им беше дозволено да присуствуваат на седницата, повикаа на собир во Пионерскиот парк за испаќање на новите пратеници од Студентската листа во парламентот. Во голем дел од градовите низ Србија има организирано гледање на конститутивната седница.

Првата седница, до изборот на претседател на Парламентот, ја води најстариот народен пратеник. Најавено е дека претседател на таа седница ќе биде Стојан Раденовиќ, член на листата „Обединета Србија“, а од таа партија рекоа дека ќе го номинираат Раденовиќ за функцијата претседател на Собранието.

Националното собрание се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени мандатите на најмалку две третини од народните претставници кои потоа полагаат заклетва. Кандидат за претседател може да предложат најмалку 30 пратеници, а за неговиот избор е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 гласови.

Со конституирањето на Националното собрание, започнува уставниот период од 90 дена за избор на новата Влада.

На вонредните парламентарни избори на 25 октомври, „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 140 мандати, а листата „Обединета Србија“ собрана околу Српската напредна партија (СНС) освои 103.

Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ) и Албанската коалиција освоија по два мандата, а „Народната“ листа на Расим Љајиќ, Партијата на правдата и помирувањето и Партијата за демократска акција на Санџак освоија по еден.

Би можело да ве интересира

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски