• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

by А1он22/05/2019 - 12:0922/05/2019 - 18:38928
Share0

Судењето за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски продолжи со испрашување на сведоци повикани од страна на Специјалното јавно обвинителство. Сите четворица сведоци вработени во одделот за економски криминал и корупција, а кои работеле на случајот рекоа дека не знаат кој го нарачал апсењето на Бошкоски.

Добивај вести на вибер

Тони Јанкоски кој за време на апсењето на Бошкоски во 2011 бил началник на одделот за економски криминал и корупција во сведочењето истакна дека тој не бил запознаен со предметот, туку само ги потпишал доказите кои биле испратени до јавниот обвинител.

Сведокот Жарко Спасевски кој бил дел од организационата единица при одделот за економски криминал и корупција покрај тоа што рече дека не знае кој го нарачал апсењето на Бошкоски, истакна дека за настанот дознал истиот момент од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков.

– Не сум запознаен кој дал наредба за апсењето на Бошкоски. За тоа бев телефонски известен, мислам ме извести Митко Чавков од центар за сузбивање на сериозен и организиран криминал . Потоа дадов задача на вработените за обезбедување на доказите на лице место, вршење на претреси. Јас и уште неколку колеги веднаш се упативме на местото кое ни беше посочено, угостителскиот објект Воденица, рече Спасевски.

Сведокот Владимир Крстевски кој во 2011 бил главен инспектор на криминалистичка полиција во своето сведочење рече делка учествувал во изготвување на кривичната пријава и лично има доставено службена документација до јавното обвинителство, но исто така не знае кој издал наредба за апсење на Бошкоски. Крстевски одговарајќи на прашање од обвинителот Љубомир Лапе рече дека не знае ниту кој му ги доставувал доказите кои тој подоцна ги препраќал до јавниот обвинител.

Четвртиот сведок кој денеска говореше пред судечкиот совет е Роберт Николов вработен исто така во МВР. Запрашан од обвинителот Лапе што знае за апсењето на Бошкоски, Николов рече дека не бил воопшто запознаен со случајот, дента кога се случило апсењето бил повикан само да го обезбедува просторот околу угостителскиот објект Воденица.

-Не знам ништо за случајот. Ден претходно ми беше роденден, донесов торта да ги частам колегите, но тие само ми кажаа дека частењето треба да се одложи бидејќи ќе имаме работа. Веднаш по тоа се упативме кон Воденица, рече Николов.

Во случајот „Тортура”, покрај ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Наредното рочиште за случајот „Тортура“ е закажано за 20 јуни.

Виктор Јованов

ljubesjotortura

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ29/03/2023 - 20:2330/03/2023 - 07:48

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 14:3523/03/2023 - 18:18

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Анита Петровска Рајковиќ10/03/2023 - 12:30

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска08/06/2022 - 13:1408/06/2022 - 14:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен