Вработени во МВР издавале возачки дозволи на лица кои немале положено, поднесени 36 кривични пријави

Од:

Поднесени се кривични пријави за 36 лица, од кои осум вработени во МВР за злоупотреба на нивната службена положба и фалсификување на службена исправа.

„Пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци и ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила“, велат од МВР.

Еден од осомничените, во чиј дом е извршен претрес по наредба на судија во претходна постапка, е приведен во полициска станица.

„Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари