Волонтерска обука за заштита при катастрофи

Од:

Младите волонтери од три општински организации на Црвен крст, од Кочани, Куманово и Крива Паланка виендов посетија дводневна обука за заштита и самозаштита во случај на катастрофи.

Обуката која ја спроведе Александар Стојановски, национален координатор за катастрофи, е дел од иницијативата за размена на волонтери.

– Двата дена од викендот со дваесетина волонтери, по седум од секоја од трите града, учевме за заштита и самозаштита во случај на катастрофи, но и како тие тоа знаење да го пренесат на врсниците во окружувањето. Кривопаланечката општинска организација беше домаќин на втората обука за надоградба на младински капацитети со цел создавање едуцирани и безбедни млади, изјави Давор Петровски, координатор на иницијативата.

Прва средба од размената младите волонтери остварија пред две седмици.

– Како почеток на иницијативата беше одржан тренинг за врснички едукатори во Куманово, а следна активност ќе се рализира во ОО Црвен крст Кочани, каде ќе се спроведат едукацисики сесии за ХИВ-сида, додаде Петровски.

Воспоставената регионална соработка на ниво на општински организации е прва од ваков вид во големото хумано семејство на Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски