За два сантиметра се зголемени нивоата на Преспанското и Дојранското Езеро во однос на вчерашниот ден, а покачување од еден сантиметар е измерено кај Охридското Езеро. Како што информира УХМР, зголемувања на водостоите бележат и реките, некои дури и двојно, па и тројно повеќе од вчера измерените вредности.
Водостојот на Црна Река кај Новаци утрово во 7:30 часот бил 270 сантиметри, а вчера изнесувал 78, Вардар кај Велес денеска е 140 сантиметри, а вчера бил 90, Треска кај Македонски Брод е 205 сантиметри, а вчера била 100, Сатеска кај Ботун денеска е 131 сантиметар, а вечра била 61, Брегалница кај Берово е 30 сантиметри, а била 12,…
Според УХМР, утре се очекува зголемување на водостоите на Вардар кај Велес и Демир Капија, како и на Пчиња кај Катлановска Бања, додека за другите реки проценката е дека водостоите или ќе се намалат во однос на денеска или нема да бидат многу променети.
Кај водостоите на езерата не се очекува поголема промена на вредноста од денешната.
