15:43 – Кондовски: Ќе дадам се од себе да ја максимизирам поддршката од битолчани
Од денес пристапувам со уште поголема мотивација, желба и посветеност да допрам до секој мој сограѓанин претставувајќи ја визијата за подобро утре. Во вториот изборен круг ќе дадам се од себе да ја максимизирам поддршката од битолчани, изјави денеска кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.
15:37 – Коњановски им се заблагодари на битолчани и побара поддршка во вториот круг
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски им се заблагодари на битолчани на денешната прес конференција по локалните избори.
15:24 – Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина и 40 совети, а за кратко очекуваме победа и во Ѓорче
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски тврди дека партијата има 50 илјади гласови повеќе од СДСМ за советничките листи. Тој посочи дека залудни биле притисоците на СДСМ за време на изборниот ден и во кампањата. Според него, неговата партија има победа во 40 општини во советите на општините.
14:37 – Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите
Според информациите од ДИК, од поднесените приговори за заштита на лично избирачко право, на денот на изборите прифатени се 217.
14:18 – Шилегов очекува победа: Во вториот круг влегуваме изедначено, скопјани ќе излезат во поголем број
За предноста на Арсовска, додека и натаму трае пребројувањето на гласовите во општинските изборни комисии, Шилегов рече: „Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а по анализа на резултатите, таа го достигна истиот резултат како на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ. Јас се потпирам на гласовите на граѓаните.
14:10 – Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг
„Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите”, порача Герасимовски.
13:56 – Арсовска води во Скопје со 5334 гласа, повика скопјани на ист начин да ја поддржат и во вториот круг
Арсовска не одговори конкретно на новинарско прашање дали смета на поддршка од кандидатите кои нема да влезат во вториот круг, туку ги повика сите да ја поддржат и уште еднаш повтори дека нема да биде политичар кој ќе спроведува партиски одлуки туку дека ќе работи за доброто на граѓаните и покрај поддршката од ВМРО – ДПМНЕ
13:46 – Четири скопски општини досега добија градоначалници во првиот круг
Бутер, Кисела Вода, Гази Баба и Сарај се четирите општини во главниот град кои добија градоначалници по првиот груг од локалните избори.
Од ОЈО информираат дека Комисијата за следење на изборни нерегуларности во континуитет ќе ја координира работата на основите јавни обвинителства се до завршување на изборниот процес за локалните избори.
13:11 – Избрани 30 градоначалници во првиот круг
Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 31 градоначалник од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје.
„Најдоброто за мојата општина“ победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во државата порачуваат од СДСМ.
12:10 – Димитриевски во Куманово води за 22 гласа, ДИК го заврши пребројувањето
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена од Државната изборна комисија (ДИК).
11:59 – Избрани 26 градоначалници во првиот круг, не се обработени гласовите за 15 општини и од Скопје
Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија до 9:30 часот денеска, на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 27 градоначалници.
Од нив за еден не е исполнет цензусот за излезеност, а се уште не се целосно обработени гласовите за 15 општини и Градот Скопје.
09:40 – Избирачките кутии во Аеродром чекаат на отворено
Во дел од изборните единици претставниците на избирачките одбори и натаму чекаат да го предадат избирачкиот материјал од првиот круг на Локалните избори 2021.
01:12 – Заев: Добиваме 36 општини и Град Скопје, борбата продолжува бидејќи злото се заканува
На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, рече Заев.
Со огномет ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Кисела Вода, додека се чекаат конечните резултати во општината.
00:05 – Белчева – Андреевска: Шанса за Центар е на третото место по бројот на освоени гласови
Од Шанса за Центар преку соопштение објавија дека според резултатите на нивниот аналитички тим, се на третото место по бројот на освоени гласови.
00:03 – Костадинов прогласи победа во прв круг во Струмица
Кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори во Струмица.
17 Октомври
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледува опцијата за барање на нови парламентарни избори, соопшти Христијан Мицкоски, лидер на партијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг.
23:32 – Дарко Костовски прогласи победа во прв круг во Бутел
Дарко Костовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел, прогласи победа во првиот круг од локалните избори.
23:16 – Николовски: СДСМ победува во Скопје, кочи Мицко
– Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за подобар живот на народот во секоја општина. Локалните избори секогаш имаат втор круг. Затоа, кочи Мицко, рече Николовски.
23:11 – Димитриевски и Илиевски влегуваат во вториот круг од изборите во Куманово
Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите.
ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид со патриотски песни на градскиот плоштад. Ова доаѓа по информациите од аналитичкиот штаб на партијата дека нивниот кандидат Кирил Пецакоски го делат околу 100 гласа до победа во прв круг.
22:58 – Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар
Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во втор круг ќе одат во Струга, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир.
22:51 – ДИК: Шилегов води пред Арсовска во Скопје
Според првичните бројки што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, во трката за градоначалник на Град Скопје води кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, пред независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска.
22:44 – Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница.
22:39 – Ечат тапани и се палат факели на славењето пред ВМРО-ДПМНЕ
Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје.
Од СДСМ брифираат и дека Петре Шилегов води пред Данела Арсовска во Скопје и оти очекува победа, а кандидатите за градоначаници на нивната коалиција се во водство во Шуто Оризари, Центар, Карпош и Бутел.
22:15 – Арбен Таравари во водство пред Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар
Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е во водство пред Невзат Бејта од ДУИ за градоначалник на Гостивар.
22:12 – ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе, а водство во Охрид и Битола
Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат водство во Битола и Охрид, каде кандидатите биле на граница да освојат мандат во прв круг од локалните избори.
21:49 – Максим Димитриевски со убедливо водство во Куманово
Досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, е во убедливо водство за градоначалник на Куманово на локалните избори.
„Сакам да го изразам своето незадоволство од начинот како се организирани и спроведени локалните избори. Од наши набљудувачи од терен добиваме информации за бројни нерегуларности, импровизации и несоодветно толкување на Изборниот законик“, рече Петровска.
21:18 – СДСМ брифира дека победа во прв круг се очекува во Крушево, Ресен и во Струмица
Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ брифираат дека на локалните избори предност пред ВМРО-ДПМНЕ имаат во Валандово, Дојран, Крива Паланка и во Лозово.
21:06 – ВМРО-ДПМНЕ брифира дека водат во големите скопски општини, а победа во пет места
Аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најави победа во поголемите скопски општини и неколку големи градови. Оттаму брифираат дека според првичните информации, предност веќе имаат кандидатите во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров и во Бутел.
20:39 – Мицкоски по изборниот ден: Победа и голема одговорност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој се обрати на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите граѓани.
20:32 – Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа на изборите
Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе почнуваат да се пребројуваат гласовите од денешните локални избори.
Најмногу пријави во текот на изборниот ден имало за агитирање, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Од 42, отфрлени се седум, а по останатите се постапува. Најмногу пријави добила скопската полицијата.
Од Здружението на новинари на Македонија преку соопштение праќаат осуда до претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
19:58 – Јосифовски: Изборите ќе бидат поништени
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Љубомир Јосифовски прогнозира дека изборите ќе бидат поништени поради одлуката на претседателот на ДИК да го продолжи гласањето и изборниот молк.
19:56 – Полицаец бил омаловажуван на гласачко место
Од Министерството за внатрешни работи информираат за неколку помали инциденти од денешното гласање.
19:44 – Лефков: Заплашување од министри, бугарски воз во Сарај
На власт во државата е гарнитура потопена во криминал и корупција. Имаше нерегуларности и коруптивно дејствување на власта. Имаше кршење на изборниот молк, заплашување и уцени од министри.
Поткуп во Прилеп, Битола, Делчево, Демир Капија, Охрид и делови на Скопје. Имаме информации за полнење кутии во Сарај, кажа на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.
19:33 – Заврши гласањето, почнува броењето
Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаа на локалните избори.
Гласањето и изборниот молк ќе траат до 19:30 минути, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој немаше образложение за тоа врз основа на кој член од Изборниот законик донел ваква одлука, а откако на претходната прес-конференција не знаеше да каже ниту за колку време ќе се оддолжи завршувањето на изборниот ден.
19:05 – По 19 часот гласаат само граѓаните затекнати на избирачките места
Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжува се додека не гласаат граѓаните кои се затекнати во објектите за гласање.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, на прес-конференцијата во 17 часот рече дека на сите граѓани кои се дојдени на избирачките места до 19 часот ќе им биде овозможено да гласаат.
18:52 – Излезноста до 18:30 часот е 48,96 проценти
Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во Македонски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.