Максим Димитриевски со убедливо водство во Куманово

Од:

Досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, е во убедливо водство за градоначалник на Куманово на локалните избори.

Според податоците од Државната изборна комисија, засега Димитриевски има 47 отсто од гласовите.

Зад него е Оливер Илиевски од СДСМ со 31,6 отсто од гласовите, а кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски има 17 отсто од досега преброените гласови.

Кога беше избран за градоначалник, на 15 октомври 2017 година, Димитриевски ја напушти пратеничката функција. Но, во екот на пандемијата, минатата година, кога Куманово беше најголемо жариште на ковид-19, дојде до несогласувања на Димитриевски со раководството на СДСМ, како и со тогашната техничка влада, на чело со Оливер Спасовски. За недоразборања со Димитриевски се зборуваше и по конгресот на СДСМ, кога кумановскиот градоначалник не влезе во листата на кандидати што ја подготви Заев за членови на новиот Централен одбор на партијата.

Димитриевски, на локалните избори реши да се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат, по што беше исклучен од матичната партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

Димитриевски ги соопшти условите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија за формирање на идна влада

Горан Наумовски

Димитреивски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

Горан Наумовски

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти