Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг

Од:

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата им се заблагодарува на сите граѓани од општина Центар која му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година.

„Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена. Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа”, рече тој.

Герасимовски испраќа и порака дека остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да се пренесе пораката дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.

„Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите”, порача Герасимовски.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска