Димитриевски и Илиевски влегуваат во вториот круг од изборите во Куманово

Од:

Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, вечерва заедно со приврзаниците од градскиот плоштад најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021. Тој кажа дека води пред останатите кандидати, според обработените податоци.

– Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. Нашиот концепт е од граѓаните за граѓаните. Нашата цел е да ја добиеме поддршката, да бидеме легитимни претставници на сите граѓани на нашиот град. Секоја политичка поддршка е добредојдена, а оттука па натаму граѓаните се тие кои одлучуваат. Во вториот круг граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ќе победи убедливо за Куманово и кумановци. Ќе ставиме крај на многу лоши навики во нашиот град и нашето општество. Македонија има право и мора да се менува. Куманово го следи трендот и секогаш бил предвесник на големи промени, рече Димитриевски.

Тој објави дека и независната советничка група има предност во останатите советнички групи.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите.

– Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.

Тој очекува дека како СДСМ и со коалицијата појасни резултати во вториот круг и победа. Одговарајќи на новинарски прашања дали е изенадувачки резултатот, Илиевски кажа дека не во голема мера.

– Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг, изјави Илиевски.

Од општинскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ пак, изјавија дека се пребројуваат гласовите, но според проценките во втор круг влегуваат Димитриевски и Илиевски.

Би можело да ве интересира

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов

Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани