ВИДЕО: Јовески бара од Собранието да протолкува до кога важи рокот за истраги на СЈО

Од:

Државниот јавен обвинител, Љубомор Јовески, рече дека на денешниот проширен колегиум во Јавното обвинителство било одлучено да се испрати барање за автентично толкување од Собранието на членот 22 од Закокот за специјално јавно обвинителство.

Јовески рече дека Врховниот суд со начелното правно мислење излегол надвор од законските овластувања.

„Начелното правно мислење на Врховниот суд ја нарушува законитоста во постапките пред судовите”, рече Јовески. Тој кажа дека во овој случај нема различна примена на правото пред судовите.

„Начелните правни мислења може да се менуваат и не се еднаш засекогаш дадени”, кажа државниот јавен обвинител. Јовески потврди дека јавните обвинителства ќе ги преземат предметите на СЈО, за кои, тимот на Јанева ќе се огласи дека е ненадлежен.

Јовески кажа дека не е проблем редовните обвинителства да ги застапуваат предметите со бомбите како докази.

 

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов