Во следните неколку дена ќе се објават Уставните амандмани во Службен весник

Од:

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

„По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени“, се наведува во соопштението.

МНР во соопштението подвлекува дека сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Ердоган: ОН не се способни да го штитат мирот и безбедноста – неправдата кон Палестина боли

А1он

Гутереш: Конфликтите низ Блискиот Исток се прелеваат еден во друг

А1он