Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Од:

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан.

Состанокот го води високата претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Во пресрет на состанокот македонскиот премиер Мицкоски повика на вклучување претставници на ЕУ со цел подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Премиерот Мицкоски исто така информира дека доаѓаат позитивни сигнали од Европската Унија, особено по самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тиват кога од Германија и Франција произлезе иницијатива за реформи во процесот на проширување.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации