Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Од:

Потпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова, од денеска до 16 септември ќе престојува во посета на Албанија, јави „24 часа“.

Посетата на Јотова е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, кој, како што се наведува во веста, е значен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година.

За време на посетата на Тирана, на албански ќе биде претставена книгата на доцент професор Спас Ташев – „Бугарите во Албанија“, а најавена е и посета на Јотова на селото Големо Острени, каде што ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо кој е лоциран во источниот дел на Албанија и е претежно населен од македонско население.

Според прес-службата на бугсрското претседателство Јотова ќе ја отвори новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан.

За време на посетата на Албанија таа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола, со министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

Бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски