Во крводарителска акција во Кавадарци собрани 45 крвни единици

Од:

Во крводарителска акција под мотото „Биди хуман-дарувај крв” во Кавадарци во текот на денешниот ден се собрани 45 крвни единици.

Во акцијата доброволно даруваа крв членовите од навивачката подгрупа „Ултра кру” која функционира во рамки на навивачката група „Лозари исток” од Кавадарци.

Акцијата беше организирана по повод третиот роденден на подгрупата навивачи, а крв даруваа навивачите во просториите на кавадаречката локална самоуправа.

– Навивачите од нашиот град уште еднаш докажаа дека се хумани и дека организираат хумани активности. Задоволни сме од акцијата, истакна секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци, Розе Илова.

Таа кажа дека на Црвениот крст и на одделението за трансфузиона медицина при општата болница во Кавадарци им е задоволство што соработуваат со навивачите. Ова е втора година да се организира ваква акција. На Црвениот крст, одделението за трансфузиона медицина и на сите кои денес даруваа крв, претставници на навивачката група им доделија благодарници.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење