Во Кривичниот суд закажани рочишта за „Дива Населба“, „Насилство во Центар“ и „Транспортер“

Од:

Продолженија на судските рочишта за случаите „Дива Населба“ и за „Насилството во општина Центар“, како и почеток на судскиот процес за „Транспортер“ се закажани за денеска во скопскиот Кривичен суд.

На рочиштето за „Дива Населба“ завршни зборови треба да дадат последните обвинети и нивните адвокати. Во овој случај на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Продолжение на судскиот процес денеска е закажано и за случајот „Насилството во општина Центар“.

Првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а покрај него на обвинителна клупа треба да седнат и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, пратеничката Даниела Рангелова, како и извршителите на насилство врз градоначалникот на Центар Андреј Жерновски во 2013 година.

За случајот со нарачаните шлаканици за Жерновски, Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури