ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Од:

Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор не може да зборува за дипломатија.

Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи.

Жерновски е уште еден потрчко на патлиџан дипломатијата на Заев, кои ја сфаќаа дипломатијата како ,, Бојко љубави, имаш поздрави од Зоки”.

Жерновски глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата, ,, еден народ, две држави”.

СДС пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој, на национален план.

СДС ги урна Македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија.

СДС е директно виновен за се негативно на дипломатски план.

А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе една година поправа грешки од СДС и ниже успеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конфенрецијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата