Средба Тимчо Муцунски-Анита Орбан: Потребен е кредибилитет во проширувањето, како важен поттик за реформите и стабилноста на регионот

Од:

На маргините на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес – соопшти МНРНТ.

Во објава на Фејсбук Муцунски наведува дека посебен акцент со Орбан ставиле на европската перспектива на Западниот Балкан и потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздравил силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Двајцата министри размениле мислења и за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што била нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Муцунски денеска во Атина учествува на министерскиот состанок во Атина на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, кој воедно е и домаќин на состанокот, а ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на шест земји членки на ЕУ и на шесте партнери од Западен Балкан, како и потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и еврокомесарката за соседство и проширување, Марта Кос.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото